Пронајдени се двете изгубени лица во битолско

44

Тимот на Горската служба, вечерва во 20.05 часот, ги пронајде двете изгубени лица и истите безбедно се донесени во Битола. Лицата се безбедни, без повреди и се малку исплашени.

Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека се изгубени две лица во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер).

Со лицата бил воспоставени контакти, но батериите на телефоните им се испразниле. Тимови за потрага и спасување беа излезени на терен и успеаја да ги најдат  лицата кои потоа се безбедно вратени во Битола.