Дома МАКЕДОНИЈА Продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

67

Во Основниот кривичен суд во Скопје денес продолжува судскиот процес за случајот „Ласкарци“.

Случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.