– Од „Ѕвездите на Гранд“ си спаднал на ова дереџе, да пееш во гаража. Потсобери си го убавиот глас, пеј таму каде што навистина ти е местото…“ – коментираа минувачите, а духовитиот Ален многу се забавуваше, на свој начин и своја сметка

Македонскиот пејач, по потекло од Прилеп и победник на „Ѕвездите на Гранд“, секогаш распеаниот Ален Хасановиќ, очигледно дека не може а да не го покаже талентот за музика и за пеење и кога не е на сцена. Пред некој ден, тој беше забележан од минувачите како моќно пее на паркингот во скопскиот „Ист гејт мол“. Луѓето како луѓе, и вакви и онакви, секакви, веднаш почнаа да му дофрлуваат.
– Од „Ѕвездите на Гранд“ си спаднал на ова дереџе, да пееш во гаража. Потсобери си го убавиот глас, пеј таму каде што навистина ти е местото, на некоја голема музичка сцена. Аууу, момче, па ти си навистина супер, ем не глумиш некоја ѕвезда ем си достапен за нас, обичните смртници!..

Се разбира дека вака распеан и духовит, сите го препознаваат Ален и го сакаат во свое друштво. Без оглед дали пее на сцена, на јахта (со некој познат колега, например со Драган Којиќ-Кеба) или каде и да е, тој пее, не се штеди со својот моќен глас. А, случката на паркингот долго ќе ја памети. Веројатно, добро се забавуваше и ги пееше и оние свои омилени песни. Од забавни до народни, меѓу кои и својот голем поп-хит „Лејла“, песна за која има снимено атрактивен и многу гледан видеоспот.                       (Д.М.) фото:ФБ