Премиерлигашки дуел за Бејл

71

Големите ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на велшкиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Герет Бејл.

Крилниот напаѓач веќе подолг период е критикуван поради просечните партии и поради таквата ситуација планира да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Од продажбата на репрезентативецот на Велс, челниците на „кралскиот клуб“ очекуваат заработка не помала од 65 мил. евра.