“Првите ластовички“ Лејла и Тарик Филиповиќ го најавуваат долгото жешко лето

10025

Тој и ако е родум од Босна често ја истакнува сличноста на неговата татковина со Македонија:  – Треба да ми верувате дека Македонците ми се постојано во срце. Тешко е тоа да се објасни. Но македонската музика и забавната и особено народната,  вкусната храната, топлината, човечноста, убавите жени моми Македонки, срдечноста, сето тоа е во мојата душа, вели Тарик

За тв водителот 52-годишниот Тарик Филиповиќ на мегапопуларниот тв квиз “Кој сака да биде милионер“ (Тко жели бити милијунаш) навистина одамна немаме ништо слушнато. И ако кај нас во Македонија е доста познат, а беше и поприлично омилен меѓу жените, веројатно најмногу поради неговиот физички изглед. А, токму со тој изглед Тарик пред неколку години го освои срцето на згодната Лејла со која потоа стапи во брак. Роден е во Зеница, денешната Босна и Херцеговина. Татко му се вика Омер, мајка му Сека, а има и помала сестра која се вика Емина.

Лејла (тогаш Шеховиќ) поранешната Мис на Хрватска во 1998 година, пред да се земат со Тарик, многу кусо биле во врската. Тарик тогаш изјавуваше дека никогаш не помислувал да се вљуби во жена која веќе има дете од првиот брак. Но, од како самиот сфатил дека тоа не му е важно, зашто Лејла искрено си ја сака, набргу “рипна во тавче“. А, со Лејла некое време подоцна го доби заедничкиот син, Арман.

Деновиве кога го слави својот 52 роденден, неговата сакана Лејла му испраќа најемотивни честитки: – Понекогаш талкам, понекогаш лутам, секогаш си таму да ми подадеш рака. Сè уште си мир на моите неволји. Ти сепак си центар на вселената. Среќен роденден, љубов, напиша таа со голема радост до фотографијата на која тој со неа насмеани позираат покрај тортата. Тарик на тоа додаде дека годините за него се само бројка.

-Во мојот случај, тоа се само две едноцифрени комбинации 5 и 2… А, по тој редосле сакам да продолжам понатаму низ овоземскиот живот.

И ако е родум од Босна, тој често ја истакнува сличноста на неговата татковина, со Македонија. – Секогаш истакнувам, а во тоа треба да ми верувате дека Македонците ми се постојано во срце. Тешко е тоа да се објасни. Но македонската музика и забавната и особено народната,  вкусната храната, топлината, човечноста, убавите жени моми Македонки, срдечноста, сето тоа  е во мојата душа.  Така да милион причини постојат поради кои Македонија ја чувствувам како својата земја. Срцето ми е уште поисполнето кога ќе видам дека и самите луѓе Македонци ме сакаат, ми возвраќаат со љубов и топли зборови, раскажа Тарик при една неодамнешна средба со македонски новинари.

И не e само тоа. Двајцата се познати како големи вљубеници во морето, летото, топлото сончево време. Со огледа на тоа дека на секаде имавме невообичаено топла зима, така и тие не издржаа да останат се уште затворени по дома. Побрзаа во нивниот омилен Дубровник.  Не можејќи да го чекаат крајот на месец мај, тоа им изгледа мошне далеку, тие уште од сега во средината на март се раскомотија  фаќајки ги првите топли сончеви зраци и на една од дубровничките плажи. Популарната двојка знае да ужива во најмалите ситни работи. Покрај морето, кое уште не е за пливање, нив одлично им е за прошетките и размена на пријатни брачни муабети.

Д.М. фото:архива