По втор пат кичевци во акција „Крушино почисто“

144

Вработените и учениците од ОУ „Владимир Полежиноски“ од Кичево, им се приклучија на група млади предводени од активиската Ангела Мојсоска и спроведоа акција за чистење на ѓубрето од Спортско-рекреативниот центар Крушино.

– Бевме многу сложни и работливи и како резултат од нашиот ангажман, се собрани неколку големи пластични вреќи секаков вид отпад. Со нашата акција придонесовме грдата слика за час да ја снема во овој спортско-рекреативен центар и дадовме придонес за една поинаква, поубава слика на овој објект. Очекуваме по нашите стапки да тргнат и другите граѓани на Кичево, изјави директорот на ОУ „Владимир Полежиноски“, Горан Карафилоски.

Апелираше до сите граѓани да ја разбудат екосвеста, бидејќи, како што рече, само на тој начин ќе го зачуваме она што го имаме.

ЈП „Комуналец“ – Кичево го пренесе на депонија сметот што беше собран при акцијата.