Почнува манифестацијата „Петровденски конаци“ 

105

Настаните од еднонеделната културна манифестација „Петровденски конаци“, со која Кочани ќе го одбележи Петровден, празникот на градот почнаа денеска.

Во програмата што заеднички ја организираат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“ се влезени десетина културни содржини од сценско-музичка, ликовна, литературна и театарска дејност.

Програмата  започнува на летната сцена на Центарот за култура со концертот од танго звуци „Виварт“, по што ќе следува ликовен перформанс на академската сликарка Андријана Мациев.