Почна осмиот Самит Македонија 2025:Во фокусот инвестиции, иновации за подобар животен стандард … но и намалување на загадувањето

Главниот извршен директор на Макеоднија 2025 Никица Мојсовска Блажевски смета дека во земјава треба да раст на животниуот стандард, бидејќи  БДП по глава на жител кај нас е 37 проценти од просекот во ЕУ. Мајк Зафировски, кој е основач на Македонија 2025, смета дека на Македонија и е потребен економски раст од пет до шест проценти, оти само така ќе има севкупно подбрување на состојбата во економијата.

139

Иднинатата на работните места и вештините и иновациите што можат да помогнат за намалување на загадувањето на воздухот, како и да се поттикне и поддржи економскиот развој, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните во земјава се главните теми  каде три дена во Скопје ќе дебатираат 50-ина говорници на 10 панели на 8.Самит Македонија 2025 на кој се најавени 400 учесници од државава и странство.

Како што порачаа организаторите, невладината организација со бизнисмени од дијаспората „Македонија 2025“ инвестициите, иновациите, образованието, деловното опкружување, животната средина и корупцијата, се се области кои треба да се подобрат за поголем економски раст во земјава. Според нив најважно е да се подобри животниот стандард во насока на евроатлантските интеграции,а ке се дискутира и за иницијативата „Мал шенген“.

– Сметаме дека доколку земјата ги фокусира своите напори за напредок во овие области ќе стасаме таму каде што посакуваме, а тоа е подобрување на нашиот животен стандард со тој во Европската унија.  БДП по глава на жител кај нас е 37 проценти од просекот во ЕУ. Сакаме да  напреднеме тука. Тоа е она што ќе донесе просперитет и ќе влијае за намалување на имиграцијата и одливот на мозоци, вели главниот извршен директор на Макеоднија 2025 Никица Мојсовска Блажевски.

Мајк Зафировски, кој е основач на Македонија 2025, смета дека на Македонија и е потребен економски раст од пет до шест проценти, оти само така ќе има севкупно подбрување на состојбата во економијата.

БДП годинава ќе расте  3,7 проценти оваа година, подбро од минатата година кога беше 2,9 проценти и подобра од таа претходно од 1,1 процент, меѓутоа тоа не е  доволно. за нашата економија да расте како што треба потребен е раст од пет до шест проценти. Мислам дека двете главни  политички партии ќе се согласат со ова, но сметам дека мора да постои ментален склоп кој ќе го поддржува ова, посочи Зафировски пред стартот на самитот.

Според него како што ќе се подобрува економската состојба, така и инвеститорите, вклучително и тие од дијаспората ќе доаѓаат се повеќе. Многу е важно и јакнењето на домашните бизниси кои треба да бидат присутни и на меѓународните пазари, како и финансиската поддршка за нивен развој.

Одлуката на ЕУ да не добиеме датум за преговори за членство, според Зафировски,е разочарувачка, но треба да биде поттик за реформи, а влегувањето во НАТО е важен чекор за стабилноста на државата и од аспект на инвестициите. – Како горд Македонец секогаш треба да размислуваме на работите кои се поврзани со одлуката на ЕУ да не почне преговори, а една од главните работи за кои треба да размислиме е секако корупцијата, забележа Зафировски.

Како што потенцираше Мојсовска Блажевски, Самитот што ќе се одржи во наредните три дена е платформа преку која сакаат да ги  поврзат бизнисите од земјава и странство со вклучување на дијаспората која е наш голем ресурс.- Бројките покажуваат дека во диајспората имаме 500.000 до 600.000 иселеници и меѓу нив има вистински професионалци кои сакаат да помогнат на нашата земја. Целта на самитот е и да сподели знаења, да пренесе иноваци и да иницира и мотивира економски реформи.

На посебни панели ќе бидат претставени макеоднски компании кои дават услуги во странство и успешни Македонци кои се присутни на светските бизнис листи, а ќе се зборува и за тоа како бизнисите побрзо и полесно да дојдат до  финансиски средства. – Сакаме да ја мотивираме и инспирираме нашата дијаспора и на младите да им покажеме дека можат да живеат и работат и тука и да бидат успешни во цел свет, посочи Мојсовска Блажевски.

За прв пат годинава  има средношколски натпревар „Најдобар бизнис концепт“ и бизнис натпревар за стартапи. На самитот свое обраќање ќе има и  претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и амбасадорката на САД кејт Мари Брнс. (В.Ма.)