Почна доделување еднократна помош на семејствата со новороденче

26

Општина Брвеница започна да дава еднократна парична помош на семејствата кои во текот на 2022 ќе имаат новороденче, а се со живеалиште на подрачјето на десетте населени места во склоп на општината.

Како што информираат од локалната самоуправа, првите средства во висина од 2.000 денари се дадени на две семејства од населеното место Челопек.

– Со голема радост за првпат им врачив решенија за еднократна парична помош за новороденче на семејството Мислими од селото Челопек и новороденчињата близначиња на семејството Ганији од истото село. Им посакувам среќно и весело детство на Акин, Зејна и Акса – истакна градоначалникот Јовица Илиевски.

вие средства ќе се доделуваат согласно одлуката донесена од Советот на Општина Брвеница на 27 јануари 2022 година.