Поради санкциите кон Москва, невозможно е да се испрати турбината за Северен тек 1

176
Враќањето на турбината на Сименс во Русија, која е претставена како неопходна за работа на гасоводот Северен тек 1, кој ја снабдува Европа, е невозможно поради санкциите воведени кон Москва.
Ова денеска го соопшти рускиот гасен гигант Газпром.
„Санкциите од Канада, Европската унија и Обединетото Кралство, како и недоследностите во моменталната ситуација во однос на договорните обврски на Сименс ја оневозможуваат испораката“, се вели во соопштението на Газпром.
Европските земји ја обвинуваат Москва дека бара изговор за одложување на враќањето на оваа турбина и дополнително намалување на испораките на гас поради тензиите околу Украина.