Завршниот турнир во Лигата на Европа ќе се игра во Германија, а финалето е закажано за 21. август во Келн.

Според вчерашната одлука од УЕФА, одлучено е зз двата осминафинални парови во ЛЕ, Интер – Гетафе и Севилја – Рома, на кои беше одложен првиот меч, да се одигра еден натпревар за пласман во ¼ финалето, кој ќе биде одигран во Германија.

Паровите на преостанатите реванши од 1/16 финалето се: Вулверхемптон – Олимпијакос (1:1 по првиот натпревар), Баер Леверкузен – Ренџерс (3:1), Шахтјор – Волфсбург (2:1), Копенхаген – Башакшехир (0-1), Базел – Ајнтрахт Франкфурт (3:0) и Манчестер Јунајтед – ЛАСК (5:0).

Денешната ждрепка во Нион ги даде и паровите за понатамошната фаза во ЛШ.

Четвртфинале:

Волфсбург/Шахтјор Донецк – Франкфурт/Базел

ЛАСК/Манчестер Јунајтед – Басакшехир/Копенхаген

Интер/Гетафе – Ренџерс/Баер Леверкузен

Олимпијакос/ Вулверхемптон – Севилја/Рома

Полуфинале:

Олимпијакос/ Вулверхемптон-Севилја – Рома/ЛАСК/Манчестер Јунајтед-Басакшехир/ Копенхаген

  1. Интер/ Гетафе-Ренџерс/ Баер Леверкузен – Волфсбург/ Шахтјор Донецк-А. Франкфурт/ Базел