Пожар во облакодер во Лондон, дури 125 пожарникари ангажирани

1321

Дури 125 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна во облакодер во источниот дел на Лондон, пренесуваат локалните медиуми.Лондонските пожарникари на местото на настанот пристигнаа со 25 противпожарни возила и се обидуваа да го изгаснат пожарот кој ги завзел осмиот, деветтиот и десеттиот кат на зградата.

Извештаите велат дека фасадата на облакодерот е направена од материјал сличен на оној на фасадата од кулата Гренфел која во 2017 година се запали и животот го изгубија 72 лица.

Засега нема информации за повредени.