Подновен возниот парк на„Охридски комуналец“ со седум специјализирани возила

111

Возниот парк на општинското јавно претпријатие „Охридски комуналец“ е збогатеносо со седум нови специјализирани возила. Со набавката значително ќе се подобрат условите за работа на претпријатието, односно ќе се подобри системот за транспорт на комуналниот отпад од градот и околината.

– Станува збор за опрема вредна околу 450.000 евра, средства што општината ги обезбеди преку кредитна линија од Светска банка. Од претходната општинска власт преку истата кредитна линија беа набавени пет такви возила, што исто така ќе ги исплаќа сегашната општинска администрација – изјави в.д. градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.

Директорот на „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски, оцени дека со новата опрема значително се зголемува и подобрува капацитетот за транспорт на отпадот во градот и се модернизира возниот парк со што ќе се намалат трошоците за негово одржување и тековните расходи на претпријатието.

– Голем дел од расходните ставки на претпријатието ќе биде намален, преку заштеда на средства што досега се издвојуваа за одржување и набавка на резервни делови за дотраената механизација – изјави Грданоски.

Новата опрема се состои од едно транспортно возило со капацитет од 20 кубни метри отпад, две осумкубични возила, цистерна за миење улици, две трикубични возила со када систем за собирање на отпадот од Стариот дел на градот и трактор со приклучни уреди за повеќе намени.