Подигнати 152 непрописно паркирани возила

88

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 152 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 возило е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 131 возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

– Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 230 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето – информираат од Град Скопје.