Погба уште се мисли

78

За разлика од пред неколку недели кога беше пласирана и информацијата дека Погба има донесено конечна одлука околу неговата клупска иднина, сега англиските медиуми ја пласираа информацијата дека францускиот интернационалец се уште не знае дали ќе остане во редовите на Манчестер Јунајтед или ќе ја промени клупската средина. Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер.