Повторно црн рекорд во Британија:Над 94.000 новозаразени и рекорден број на смртни случаи

126

Велика Британија денеска регистрира 94.326 нови случаи на Ковид-19 и уште 439 смртни случаи поврзани со оваа болест, покажаа официјалните податоци, пренесува Ројтерс.

Овие бројки доаѓаат по 88.447 нови инфекции и 56 смртни случаи пријавени во понеделникот, а денешниот број на починати е најголем од 24 февруари минатата година.

Како што се наведува, бројките честопати се поголеми во вторник, кога се собираат најголемиот дел од починатите од викендот, па така минатиот вторник биле пријавени 438 смртни случаи како последица на Ковид 19.

Податоците од британските здравствени власти, исто така, покажуваат дека вкупниот број на инфекции, смртни случаи и примени паценти во болница полека се намалува од врвот што беше забележан по Божиќ, наведува Ројтерс.