Плазење јазик, триење на носот: Ова се најнеобичните начини на поздравување во светот

93

Ако често патувате, сигурно сте биле сведоци на „чудни“ обичаи, начини на поздравување, покажување почит. Дали знаете како ќе ве поздрават Филипинците, Тибетанците, или Ескимите?

Ако патувате низ светот, еве неколку важни, а сосем различни начини да се поздравите со локалците:

1. Тибет: испружи го јазикот, извести ги дека си „чист“

Ако го испружиш јазикот на Тибет, нема да испаднеш груб или некултурен. Всушност, сосем спротивното. Традицијата датира од 9 век, кога владеел непопуларниот крал Ланг Дарма, познат по својот црн јазик. По неговата смрт, некои Тибетанци (главно свештеници) почнаа да ги плазат своите јазици при пристигнувањето и поздравувањето, за да потврдат дека тие не се реинкарнација на омразениот крал.

2. Филипини: поклон пред постарите лица

Традиционалниот поздрав на старите лица на Филипините се состои од поклонување и притискање на десната рака на челото. Се изговараат зборовите Мано (рака) и По (почит). Понекогаш е проследено со нежно тапкање по рамото.

3. Ескимски бакнеж: не би поминал во ерата на социјална дистанца

Она што го знаеме како „ескимски бакнеж“ е всушност традиционален поздрав наречен Куник. Најчесто се користи помеѓу членовите на семејството и саканите, а се препознава со триење на носот.

Се верува дека е создаден од практични причини, бидејќи нивниот нос бил најекспонираниот дел од телото (лицето често е скриено под дебела качулка). Но, можете да најдете сличен гест во делови на Нов Зеланд и Хаваи, каде што допирот на носот ја следи врската на челото.

4. Јапонија: поклон со доза на сочувство кон збунетите странци

Јапонскиот поздрав веќе го знаеме од популарната култура – тоа е мал поклон со рацете до телото. Но, кога странци ќе се најдат во Јапонија, тие сѐ уште остануваат збунети и вкочанети. Колку длабоко треба да се поклонам? Колку долго треба да останам во таа позиција? Дали изгледам чудно или смешно?

Без грижи, Јапонците се свесни за туристичката конфузија и незнаење за гестовите, па затоа го земаат здраво за готово. Понекогаш е најдобро да се скрати болката и да се подаде рака, но по poљубезно и побезбедно е да се чека првиот чекор од нивна страна, пишува Punkfunker, пренесува Б92.

5. Боцвана: прочитајте ја кореографијата

Ракувањето во Боцвана е цела серија чекори. Прво: класично ракување со десна рака.

Но, пред да ја испуштите раката, подигнете ја во воздух (другата личност го прави истото) и раширете ја дланката, земете ја повторно, спуштете ја, повторно стиснете ја раката, извртувајте ги прстите и држете ги, „исчешлајте“ ги палците, а потоа одделете ги рацете и ставете ја десната рака на левото рамо. Што ли значи оваа кореографија?