Пиатек на еден чекор до „Сан Сиро“

44

Седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан, најверојатно ќе излезе како победник во трката по потписот на полскиот интернационалец од редовите на Џенова, Крижштоф Пиатек.

Според италијанските медиуми, Милан во следните неколку дена ќе ја прекине соработката со аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин и потоа ќе се обиде да ги осигура услугите на најпријатното изненадување во Серија А.

Раководните лица на Џенова веќе потврдија дека Пиатек вреди најмалку 40 мил. евра, но Милан сака прво да го позајми, а потоа, на крајот од сезоната, да го откупи неговиот договор.