Пејачката Сандра Африка не е во секси-сцена со тетовираниот фудбалер Волков

1497

Сексапилната пејачка Сандра Африка и атрактивниот фудбалер Владимир Волков демантираат дека се тие двајцата на сликата која кружи деновиве на Интернет, а на која имаат интимен однос. Инаку тие не се повеќе во љубовна врска, а сликата е направена пред неколку година, но сега некој од инает ја пушта за да им наштети на пејачката и фудбалерот.

Сандра вели дека на порно сликата воопшто не е таа, а Волков објаснува дека никогаш не би му се случило една таква гола интима да објави, слика од својот кревет во секси сцена. – Некој опасно се поигрува со нашите нерви, нашето трпение и нашиот живот, велат и двајцата кои останале во добри пријателски односи. Но, ова на тој “некој“ нема туку така да му помине.

Полицијата работи на разоткривање на натрапникот, коментираат Сандра и Владимир цврсто убедени дека ќе стават крај на туѓата расипаност. Д.М. (фото:Инстаграм)