Петковски: Не гледам ниту грам еуфорија, очигледно политичарите ќе се потат вечерва

105

Политичкиот аналитичар Љупчо Петковски истакна дека и покрај тоа што е поминато веќе 30 минути, кај партиите нема еуфорија, односно тие не знаат што се случува, дали победиле или не.

„Бујар Османи колку што можев да разберам албански јазик, прогласи победа. Но кај него нема некоја еуфорија. ВМРО-ДПМНЕ да беа сигурни во триумфот, тогаш сега Ѓорчев веројатно веќе ќе беше излезен. Јас не гледам некоја еуфорија, и тоа е добро. Значи дека ќе се потат вечерва“, рече Петковски во отвореното студио на ТВ21.