Долго време се зборуваше за разделбата на Милица Тодоровиќ со Петар Стругар. Многумина беа разочарани поради нивното раскинување, а за деталите за нивниот моментален однос не се знае многу.

Петар слободното време го поминал во Јаково со неговата колешка, актерка Христина Поповиќ. Тие заедно уживале во природата, а на социјалните мрежи објавија селфи. Оваа објава предизвика лавина од коментари, а многумина се прашуваа како на ова ќе реагира пејачката.

Христина и Петар / Фото: Инстаграм

Милица е една од поактивните на Инстаграм и редовно ги изненадува своите следбеници со нови објави. Но, овој пат нејзината објава беше од посериозен карактер, поради што многумина се запрашаа дали такму таа е упатена до актерот.

– Не ги обвинувајте луѓето поради тоа што ве разочарале, обвинувајте се себе си бидејќи многу сте очекувале, истакна Милица на инстаграм – стори, само два часа  по објавувањето на сликата на Христина со Петар. (М.А)