Петар Мирчевски е добитник на наградата на Општина Битола за животно дело

130

Актерот Петар Мирчевски е годинашен добитник на највиското признание на Општина Битола, наградата за животно дело „4 Ноември“.

Одлуката ја донел Управниот одбор за доделување награди и признанија при Советот на Општина Битола, а ќе му биде врачена на свечена академија која традиционално се организира по повод празникот на градот.

Петар Мирчевски, актер во НУ Народен театар-Битола, е роден во 1956 година во Крушево. Дипломирал на ФДУ во Скопје, отсек глумечка игра. По дипломирањето во 1979 година станал член на битолскиот театар. Во својата кариера, Мирчевски играл во околу 150 претстави. За своите улоги, тој е добитник на повеќе награди: „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“ (трипати), Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко“. Во 2019 година, Мирчевски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Тој е еден од најангажираните и најекспонирани македонски актери, не само на театарската сцена, туку и на филм и телевизија. Значајни и забележливи улоги има остварено во голем број македонски филмови и серии, меѓу кои „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Превртено“, „Бал-кан-кан“, „Трето полувреме“…