Петар Грашо и неговата сопруга Хана, деновиве објавија дека на ќерката што ја очекуваат да им се роди ќе и го дадат името Алба.

Веднаш по објавата, хрватските медиуми потсетија дека тоа е името кои во некои постари изјави го планирале за својата ќерка Петар Грашо и неговата поранешна девојка Даниела Мартиновиќ.

Уште во 2014 година, Даниела во една изјава откри дека со Петар Грашо планираат да имаат деца и дека имале испланирани имиња.

„Навистина, дете е најголемата желба во мојот живот. Вистински се надеваме дека многу брзо ќе му се радуваме. Синот ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојче имаме две имиња, Алба или Луце. Тоа се две дијаметрално различни имиња, па луѓето можеби ќе се изненадат. Луце е затоа то тоа е вистинско далматинско име и мојата покојна баба беше Луце, но кога го слушнав името Алба, јас бев толку восхитена бидејќи Алба на италијански значи зора. И тоа ми е повеќезначно и убаво и необично, а сепак за нас блиско и поинакво“ – откри Даниела Мартиновиќ пред осум години.

Хрватската пејачка на симболичен начин се огласи и по објавата на Петар Грашо и на Хана дека ќерката ќе ја крстат со името  што некогаш го одбрале заедно.

Даниела објави фотографија од зора на плажа.

„Момент на вечност…Неописиво“ – напиша хрватската пејачка под објавата.