Популарниот сплитски музичар Петар Грашо кој пред неколку месеци имаше свои многу успешни концерти во Македонија во “Македонска филхармонија“, верува дека коронавирусот за некои три до четири недели ќе исчезне со доаѓањето на топлото време.
Посочува дека со влегувањето на ултравиолетови зраци во атмосферата вирусот не може да преживее. А, топлото време на самиот Грашо ќе му биде повторно мамка за прошетки и низ неговата омилена сплитска рива.Секако дека тоа време Грашо веќе го предизвикува со пролетната гардероба. – Се уште сите сме внимателни, ги слушаме и практикуваме препораките на лекарите, скоро воопшто никаде не одиме, освен по храната. Не се споредува ова време со она од пред само месец и половина. Многу патував, многу! Имаше неброено многу ситуации кога со девојка ми Даниела живеевме на две адреси Сплит-Загреб, па моравме телефонски да се организираме.Дури, јас како маж ги плакав и нејзините комунални сметки. Сега се е поинаку, додека сме во изолација. Но кај и да е, ќе помине, па ете ме пак на концерти и со нови песни кои ги пишувам вака по дома, кога добивам каква таква инспирација. Животот не може да застане, вели популарниот Грашо. Д.М. фото:Инстаграм