Американскиот кошаркар Донте Карутерс е најновото засилување во редовите на Пелистер. Битолчани прават ремонт во играчкиот кадар, веќе си заминаа Кесар, Малешевиќ, Ѓуроски и Младеновиќ и се очекува токму Карутерс да биде еден од главните адути на тренерот Илиевски во сезоната што следува.

Овој кошаркар има 27 години и настапува на плејмејкерската позиција, а доаѓа од таборот на Широки Бријег. Тој лани настапуваше за овој тим и во АБА2-лигата, каде што имаше просек од осум поени и четири асистенции на натпревар.

Претходно, за Пелистер потпиша и Иван Сапунџиев од ТФТ Скопје.