Стручњаците предупредуваат никако да не пиете вода од пластично шише која се загреала на сонце бидејќи на тој начин во водата навлегуваат многу штетни состојки од пластиката и тоа може да биде и тоа како опасно по здравјето.

Пластичните флаши вообичаено се прават од полиетилен терефталат, па кога ќе се загреат, овој материјал отпушта хемикалија бисфенол А, позната и под ознаката БПА.

Некои истражувања докажале дека оваа состојка има лошо влијание на здравјето на децата и дека генерално, се смета за канцерогена.

Професорката Лина Ма со својот тим научници неодамна спровела експеримент во кој се испитуваат хемикалиите што се ослободуваат од пластичното шише со вода. Во експериментот се користени 16 различни брендови на вода, оставени да ќе стојат на темпеература од 70 степени Целзиусови четири недели. Резултатие од екпсериментот се застрашуваќки.

Студијата  покажала дека нивото на БПА се зголемува кога шишето со вода стои на топло и професорката Ма предупредува ни случајно да не пиете вода ако шишето со деново стоело на топло, на пример во автомобил за време на жешките летни денови.

БПА се поврзува со бројни здравствени проблеми, како проблеми со репродуктивното здравје, со имунитетот и одредени невролошки проблеми.

Исто така, оваа состојка го зголемува и ризикот од развој на Алцхајмерова болест, метаболични заболувања, кардиоваскуларни болести и појава на дијабетис.