ОН: Здравствениот систем на Јемен е во колапс

36

Повикувајќи се на извештаите на хуманитарните работници на терен, Обединетите нации денеска предупредија дека здравствениот систем на Јемен практично е во колапс, додека коронавирусот се шири низ целата земја.

На прес-конференцијата во Женева, портпаролот на Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните работи Јенс Лерке изјави дека ситуацијата е „крајно вознемирувачка“, пренесува Би Би Си.

Тој додаде дека хуманитарните агенции посочуваат дека, делумно поради недостиг на лична заштитна опрема за персоналот, дел од населението не е во можност да добие лекарска помош.

Јеменските власти потврдија десетици случаи на коронавирус, како и 30 смртни случаи, но ООН велат дека вистинските бројки се речиси сигурно многу повисоки.

Извор:МИА