Лицата кои не се вакцинирани, за да се заштитат, ќе треба да носат маски дури и кога мерките ќе бидат укинати, бидејќи се уште не е стекнат колективен имунитет.

Стручњаците велат дека освен носење маски, овие лица и понатаму треба да одржуваат физичка дистанца на собири во затворен простор.

Се уште постои опасност, а тие што не примиле вакцина можат полесно да се заразат и полесно го шират коронавирусот. Затоа би требало и понатаму да бидат претпазливи.

Во САД веќе почнаа да се укинуваат мерките за задолжителнио носење маски за оние кои ги примиле двете дози од вакцината, но тоа не значи дека треба маските комплетно да се отфрлат, пишува „Healthline“.

Оние што не се вакцинирани и посебно деца постари од две години, ќе треба и понатаму да ги носат заштитните маски.

„Ако и понатаму пости ризик, како што постои сега, луѓето кои не се вакцинирани и понатаму би требало да носат заштитни маски на сите места на кои потенцијално може да се заразат“ – вели доктор Мајкл Мининт, специјалист за инфективни болести.

Тој нагласува дека ризикот од зараза за оние што не се имунизирани постои се додека коронавирусот циркулира во популацијата. Вирусот ќе престане да циркулира само кога доволно луѓе ќе се вакцинираат и кога доволно од нив ќе развијат антитела.