Тренерот на Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс, испрати пофални зборови за Леброн Џејмс.

Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс веројатно за прв пат во историјата имаат тим кој брка шампионски прстен.

Леброн одигра одлично со својот Лос Анџелес Лејкерс и имаат најдобар скор на Западот, а во просек „Кралот“ бележеше по 25 поени, 10 асистенции и 7 скокови пред сезоната да се стави на пауза поради коронавирусот.

  • Постојат многу играчи во оваа лига кои имаат тело како Леброн Џејмс, но никој нема мозок како него, изјави Док Риверс.