Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ има четириесет години и сè уште професионално се занимава со тенис.  Во текот на долгата кариера има поминато многу убави и неубави работи. Тој во разговор за официјалната интернет-страница на АТП зборуваше за големите здравствени проблеми кои ги имаше пред седум години.

  • Се сеќавам дека во 2013 година бев во својата куќа во Мајами и почнав да забележувам чудно движење на раката. Се разбудив во осум часот наутро и мислев дека тоа поради лоша положба додека сум спиел. По неколку минути, сопругата ми постави едно прашање, а јас воопшто не можев да прозборам, изјави Карловиќ.

На Карловиќ му е дијагностициран енцефалитис, воспаление на мозокот предизвикано од некои вируси.

  • Како поминаа часовите, го губев чувството во раката и способноста за говор. На крајот од денот, не можев да се сетам ниту на своето име, ниту на годината. Не можев да оговорам ниту на прашањето од лекарите. Имав силна главоболка, бев подложен на многу тестови. Тогаш ми беше дијагностицирано енцефалитис, се присети Катловиќ.

Хрватот минатата година имаше проблеми со повредите, но сè уште нема намера да ја заврши кариерата, која ја почна во 1998 година и досега има освоено скромни осум титули.