Нехамер: Австрија ќе остане неутрална

47

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека има намера да работи на тоа својата земја да ја задржи неутралноста во светлината на војната и рускиот напад врз Украина.

-Австрија беше неутрална, таа е неутрална и таква ќе остане, изјави Нехамер за време на посетата на Катар.

Неутралноста е важна, истакна австрискиот канцелар, додавајќи дека прашањето за австриската неутралност го смета за затворено.

Спротивставувајќи се на се што стои зад војната во Украина, австриските политичари и медиумите почнаа да се прашуваат дали земјата треба да влезе во НАТО.