Нетанјаху: Сите ќе одговараат за безбедносните пропусти, дури и јас!

135

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата изјави дека земјата „се подготвува“ за копнена операција во Газа, а војниците веќе „елиминирале илјадници терористи“.

Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст, вели тој, додавајќи дека деноноќно се работи на нивно сузбивање.

Тие се мртви луѓе кои одат, вели шефот на израелската Влада.

Се наоѓаме на пикот на борбата за нашето постоење, потенцира Нетанјаху и појасни дека двете цели се да се уништи Хамас и да се вратат заложниците. Тој изјави дека кабинетот работи „без политички размислувања“.

Нетанјаху соопшти дека Израел се подготвува за копнена операција, но дека нема да сподели кога и како. Одби да даде детали за „размислувањата“ за копнената офанзива, велејќи дека тие не се познати во јавноста и дека „така треба да биде“.

– Сакам да кажам многу јасно, времето на операцијата на Израелските одбранбени сили (ИДФ) едногласно го одредува кабинетот што ја води војната заедно со началникот на Генералштабот“, вели тој. „Работиме со цел да обезбедиме најдобри оптимални услови за нивните следни операции.

Тој ги повика Израелците „да не ги заборават ниту на еден момент“ оние кои беа убиени во нападите на Хамас. – Тоа е како да туркаме илјадници стрели во нашето срце кое крвари, вели тој, додавајќи дека ќе биде одреден национален ден на жалост за сеќавање на жртвите.

Израелскиот премиер, исто така, повторно ги повикува луѓето да се евакуираат на југот на Газа и вели дека земјата им помага на граѓаните „да дојдат до сопствено лично оружје на контролиран начин“.

– Мојата улога е да ја водам оваа земја и нејзиниот народ до целосна победа над нашите непријатели. Заедно ќе се бориме и заедно ќе победиме, оцени израелскиот премиер.

Нетанјаху потенцираше дека Израел бара помош од светските лидери и дека сега сфаќаат дека „Хамас е ИСИС, а ИСИС е Хамас“.

Што се однесува на до одговорноста за пропустите кои овозможија да се случи нападот на Хамас, Нетанјаху изјави дека ќе биде спроведена истрага за тоа што се случило тој ден, но дека истрагата ќе може да се спроведе дури по војната.

Сите ќе треба да дадат одговори за дебаклот – вклучително и јас – ама по војната, изјави Нетанјаху во обраќањето до нацијата.