Фотографии на овални ледени формации создадени со ретка комбинација на фактори на островот Хаилуото, на северот на Финска, ги изненадија корисниците на социјалните мрежи и брзо станаа вирални.

Фотографиите од смрзнатите „јајца“ со различни големини ги направил жител на Оулуа и аматерскиот фотограф Матила додека шетал по плажата Марјаниеми.

Според неговите зборови, првпат се сретнал со оваа необична појава, иако 25 години живее во близина на морето.

„Мојата сопруга и јас стоевме таму восхитувајќи се на неверојатниот природен феномен. Бидејќи имав камера со себе, одлучив да го овековечам овој феномен“ – изјавил Матила за финска националната телевизија.

Јоуни Ваинио од финскиот Метеоролошки завод објаснил дека “смрзнатите јајца“ иако се навистина ретки, имаат научно објаснување. За да се појават, потребно им е ретко видена комбинација на воздухот и водни услови кои се блиску до смрзнување.

https://www.instagram.com/p/B4ctzaQAkPq/?utm_source=ig_web_copy_link

“Јајцата“ се формираат околу ситните честички кои се вртат во ладното струење како снегулки со што мразот полека “расте“ околу нив.

Притоа, за овој процес клучно е да има точно одредена количина на ветер.

„Премногу ветер ќе спречи формирање на “јајца“. Од друга страна пак доколку има премалку ветер водата само би замрзнала на плажата во рамномерен слој“ – објаснил Ваинио.