Во многу делови од светот, зоолошките градини дивите животни се постојано заклучени во кафези или злоставувани, а има и случаи кога на лавовите им се отстрануваат канџите за децата да можат да си играат со нив.

Кога станува збор за циркусите, работите стојат уште полошо. Но некои циркуси решија да тргнат во друга насока, па понекогаш и на радикален начин при што ги користат најновите достапни технологии.

Со тоа на посетителите им е овозможено да уживаат во гледањето на животните без тие да страдаат.

Циркусот лоциран во Германија, наречен Циркус Ронкали, е приот во светот кој ги замени вистинските животни со многу реалистични холограми.

Компјутерските анимации се проектираат во реална големина и изгледаат спектакуларно.

Животните, како што се слоновите или дивите коњи, мајмуните, па дури и јатата риби, трчаат или пливаат правејќи акробациина сцената.

Овој циркус постои многу децении, но неодамна одлучија да ги заменат животните со 11 проектори, ласери и стратешки поставени леќи со кои создаваат шоу без да биде вклучено ниту едно живо животно.

Благодарение на технологијата, многу животни ќе се спасат од судбината да го поминат животот во заробеништво, а луѓето сепак ќе можат да уживаат во нивното виртуелно присуство на еден волшебен начин.