Неверојатна глетка за вчудовидените присутни:Водата во главниот канал во Венеција доби флуоросентно зелена боја

1170
Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA
Водата во главниот канал во Венеција денеска стана флуоресентно зелена, во областа во близина на мостот Ријалто, а властите се обидуваат да ја утврдат причината, соопшти италијанската противпожарна служба.
Локалната агенција за заштита на животната средина доби примероци од изменетата вода и работи на идентификација на супстанците кои ја променија водата, пренесе Ројтерс.

Областа Венеција свика вонреден состанок на полициските сили за да сфати што се случило и да ги разгледа можните контрамерки, пренесе агенцијата АНСА.

Инцидентот потсетува на повторувањето на неодамнешните епизоди во Италија, каде што еколошки групи бојосуваа споменици, користејќи природни бои, па така водата во римската фонтана Треви ја бојосаа во црно, во знак на протест поради користењето на фосилни горива.

Меѓутоа, за разлика од претходните случаи, овој пат ниту една еколошка група не презеде одговорност.