На 19 декември и во директен тв пренос, Македонија на детската “Песна на Евровизија 2021“ во Париз со “Дајте музика“

165

Децата од серијалот „Дајте музика“ ќе ја преставуваат Македонија на Јуниорскиот “Евросон 2021“. Песната со која ќе се претстави нашата земја ќе биде избрана и промовирана во следните неколку месеци. На неа ќе работат композитори кои веќе соработуваат во проектот и добро ги познаваат вокалните и артистичните капацитети на децата од шоуто, соопштуваат одговорните од МРТВ.

Оваа година детскиот Избор за “Песна на Евровизија“ ќе се одржи на 19 декември во Франција во Париз, бидејќи минатата година победи малата Французинка Валентина.

Се подразбира дека МРТВ ќе врши директен пренос од овој спектакл. Проектот “Дајте музика“ е всушност копродукциски проект, а се вбројува во еден од најуспешните во историјата на Македонската телевизија, проект на кој работели многу познати македонски музички имиња. Сега е редот и на европската публика да го каже своето мислење. Не се сомнева дека и тие ќе бидат освоени. (Д.М.)