На американскиот Стејт департмент бил извршен сајбер напад

63

Командата за сајбер одбрана на Пентагон предупреди дека американскиот Стејт департмент неодамна бил цел на сајбер напади.

Според извештајот не е јасно кога бил откриен хакерскиот пробив, но се верува дека тоа се случило пред неколку недели и се тврди дека мисијата на Стејд департменот за евакуација во Авганистан е не загрозена со нападот.

Обемот на нападот, кој стои зад него како и напорите нападот да се ублажи и ризикот за операциите, засега се непознати.

„Стејт департментот сериозно ја презема својата одговорност да ги чува податоците и континуирано да презема чекори за да се осигура дека информациите се заштитени. Од безбедносни причини моментно не сме во можност да расправаме за природата и обемот на било какви безбедносни инциденти“, изјави портпаролот на Стејд департментот за Fox news.