Мумифицирано младeнче од волк старо 50.000 години пронајдено во Канада

82

Во замрзнатиот канадски Јукон, рударите откопале мумифицирано младeнче од волк од леденото доба, за кое се верува дека е старо повеќе од 50 000 години, како и нецелосен труп на телето „карибу“ од истиот период.

Младиот волк е целосен примерок, со сè, вклучувајќи го недопреното крзно и опашка, но телето „карибу“ е само мумифицирана предна половина на животното.

„Според наши сознанија, ова е единствениот мумифициран волк од ледено доба некогаш пронајден во светот“, рече палеонтологот на владата на Јукон, Грант Зазула, за канадскиот CBC.

Зазула вели дека локалните палеонтолози се воодушевени од остатоците и дека примероците се едни од најстарите мумифицирани меки ткива на цицачи во светот.