Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, преку Македонската берза за хартии од вредност, извести дека менаџери од компанијата се стекнале со одредени количества акции. Берзата информира дела првиот човек на „Алкалоид, Живко Мукаетов, кој е генерален директор на компанијата и претседател на Управниот одбор, се стекнал со 300 обични акции.

Во неколку ценовно чувствителни информации се информира дека со нови хартии од вредност се стекнал и членот на УО, Виктор Стојчевски, со  200 нови акции, а членовите Ќире Ицев, Ѓорѓи Јованов и Оливера Панева купиле 150, 100, 50 акции соодветно.

Ова е позитивен сигнал до инвеститорите дека компанијата е во одлична кондиција. На берзата нема податок по која цена се купени акциите. Во текот на вчерашниот ден, просечната цена на една акција на фармацевтската компанија достигна нешто над 20 илјади денари. Акциите издадени од оваа фармацевтска куќа се во сопственост на 5.487 акционери.