Мрежарината е неоснована давачка, кога ќе ја дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине

103

По формирањето на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа. Тарифата за пристап на мрежа од 200 денари е нова давачка, која ја воведе СДС со цел да собере повеќе пари од граѓаните во буџетот, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потенцираат дека „Платформа 1198“ предвидува укинување на мрежарината воведена од СДС.

Мрежарината од 200 денари е неоснована давачка, која удира по џебот на граѓаните. По формирањето на владата, ќе се ревидира тарифниот систем и владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине мрежарината од 200 денари. Кога ќе се пресмета на неа и ДДВ од 18%, доаѓаме до сума од 236 денари, пари за кои веднаш ќе се намалат сметките. Со оваа мерка, секое домаќинство ќе заштеди по 3.000 денари годишно. Идната влада ќе му ја врати државата на народот. Заврши времето на грабежи, стои во соопштението.