Шведскиот скијач Кале Халфварсон (34) доживеа навистина необична спортска „повреда“ на натпреварувањето во скијање во Финска.

Имено, пенисот на несреќниот Швеѓанец замрзна во текот на трката, како последица на ниските температури.

  • Ми се замрзна пенисот. Навистина. Почувствував дека нешто не е во ред на три круга пред крајот. Морав да лежам во шаторот десет минути за да го згреам. Многу ме болеше. Тоа е најлошата болка што сум ја почувствувал во животот. Беше ужасно – изјави Халфварсон за шведски „Expressen“, по трката на 20 километри од Светскиот куп во Руки.

Температурата на почетокот од трката, на местото во североисточниот дел на Финска, изнесуваше минус 15 степени, а Халфварсон заврши на 18. место.

Инаку, ова е втор пат да ја има истата „повреда“, и тоа на истата патека, па се пошегува на своја сметка.

  • За среќа, наскоро ќе имам уште едно дете. Ако продолжи вака, тешко дека ќе можам да имам повеќе деца – изјави освојувачот на три медали на Светското првенство.