Мицотакис: Турција да се откаже од својата агресивна позиција

72

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја повика Турција да се откаже од својот „агресивен став“ и да се вклучи во разговорите за нивниот поморски спор.

Мицотакис, за време на  посетата на Саудиска Арабија за зајакнување на врските со земјите од Заливот, предупреди дека Грција ги „исцртала своите линии многу, многу јасно“ по потпишувањето на одбранбените договори со САД и Франција претходно овој месец.

Денеска тој разговараше со принцот престолонаследник и де факто владетел на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман и престолонаследникот на Бахреин, пред да се обрати на Иницијативата за идни инвестиции во Ријад, пренесува БГНЕС.

– Ние сме безбедна земја. Мислам дека нема геополитичка закана, рече Мицотакис на елитниот годишен состанок наречен „Давос во пустината“. – И мислам дека со текот на времето и Турција ќе сфати дека оваа агресивна позиција во источниот Медитеран нема да доведе до никаде, рече грчкиот премиер.

Тензиите меѓу Грција и Турција нагло се зголемија минатата година кога Турција испрати брод да истражува гас и мала флотила за да бара ресурси во водите што Грција ги смета за свои според договорите.

Грција, исто така, ја обвинува Турција дека не презема доволно мерки за да ги спречи шверцерите кои испраќаат мигранти со опасни чамци од нејзините брегови.