Митко Јанчев до советниците од ВМРО-ДПМНЕ: Ти го каниш на свадба, тој те прашува со кого ќе седам на маса!

146

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев искажа разочараност од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ,  поради напуштањето на седницата на кавадаречкиот совет. Јанчев смета дека тие си заминале од седницата кога требало да се даде поддршка на неколку значајни одлуки. Тој обелодени и дека советниците не сакале да застанат до него на прес конференцијата на која градоначалникот им даваше отчет на кавадарчани, што сработил во две години од мандатот, доколку таму биле  и советниците на СДСМ, објави порталот ММС.

„   Не фати вирусот – Ти го каниш на свадба, тој те прашува со кого ќе седам на маса“ вака  сликовито градоначалникот  го опиша однесувањето на советниците.

Ја повика советничката група од неговата партија  да им се извинат на граѓаните, да ги смират своите суети и да ги надминат меѓусебните недоразбирања во партијата.

“ Гласавме систематизација за општина Кавадарци донесена после 5 години,  каде што сите сектори и одделенија ги вклопивме онака како што заслужува општина Кавадарци и јавната администрација. Затоа што имаат лични недоразбирања во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за да не гласаат против,  ја напуштија седницата. Тоа е уште еднаш е повик да си ги поминат личните суети и недоразбирања и следниот пат прво да се извинат на граѓаните и советниците и на администрацијата“ вели Јанчев и нагласи дека политиката не била за секого.

На седницата, во своето браќање изнесе фрапантна информација дека на жителите на селото Дабниште во минатото не им се дозволувало да се приклучат на водоводната мрежа.

„Село Дабниште има 80 куќи. Пред 8 или 10 години од 80 куќи само на 2 им било дозволено да имаат вода. Што значи тоа? Селекција? Револт? Делење на народот? Сега секоја куќа ќе добие вода и ќе се бориме водоснабдувањето да го одржуваме во континуитет“ нагласи Јанчев и најави водоснабдување и за населбата Брушани на Тиквешко Езеро, селото Бегниште и реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и атмосферска канализација во селото Сопот.

Кавадаречкиот градоначалник им порача на граѓаните будно и разумно да ги следат однесувањата на сите политички партии и поединци, за кога ќе дојдат изборите на правилен начин да се изјаснат.

Рече дека не се оградува од својата партија и дека не го критикува ВМРО-ДМНЕ но смета дека потребно е да советниците да се корегираат и неговата партија да станела партија на народот, а не партија за лични интереси, или пак партија која ќе носи само негативни моменти за општеството, информираше ММС.