Полека – но сигурно се средуваат работите во Италија околу пандемијата на коронавирус, а најдобар доказ за тоа е италијанскиот калчо гигант Милан, кој ги повика своите фудбалери да се вратат од странство затоа што на почетокот на мај се предвидени и првите тренинзи по прекинот на сезоната во Серија А.

Имајќи во предвид дека сезоанта би стартувала на 4 мај според некои проценки, Милан ги повика своите играчи да се вратат во Италија до следниот четврток, се со цел на време да влезат во тренажен процес.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, ова се однесува за Златан Ибрахимовиќ, Рафаел Леао, Хакан Чалханоглу, Симон Кјаер, Асмир Беговиќ и Лукас Пакета.