Познатиот руски хокеар Алексеј Рудницки (39) е еден од убиените во петокот вечерта во терористичкиот напад кој се случи во концертната сала „Крокус“.

Терористите убиле најмалку 137 лица, а меѓу нив бил и Алексеј, соопшти Министерството за финансии на Јарославската област.

Според руските медиуми, Алексеј на 16 март го прославил својот 39. роденден, а концертот на групата „Пикник“ бил продолжение на прославата со друштвото.