Меси донесе конечна одлука!

2744
epa10192618 Paris Saint Germain's Leo Messi in action during the French Ligue 1 soccer match between Olympique Lyonnais and Paris Saint-Germain (PSG) in Decines, near Lyon, France, 18 September 2022. EPA-EFE/Mohammed Badra

Лионел Меси има договор со актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, до крајот на актуелната сезона, а веќе со недели се шпекулира околу тоа дали ќе остане на „Паркот на принцовите“ или ќе ја промени средината.

Пред почетокот на Светското првенство во Катар, аргентинскиот интернационалец изјави дека сите детали околу неговата клупска иднина ќе бидат познати по завршетокот на Мундијалот.

Се чини дека токму СП 2022 ја донесе најголемата промена во неговото размислување и дека тоа за кое се мислише дека е готова работа нема да се случи.

Откако ја освои светската титула, сите помислија дека Меси е среќен во Париз и дека ќе остане во редовите на популарните „светци“. Аргентинецот седна на иста маса со клуспките челници но и понатаму не се познати деталите од важниот состанок.

Познато е само дека има договор со ПСЖ до крајот на актуелната сезона и дека за време на летниот преоден рок може да има статус на слободен играч. Иако се очекуваше Меси да ја продолжи соработката со францускиот гигант, познатиот новинар, Жерар Ромеро, ги изненади своите фанови на твитер.

  • Лео Меси го промени своето мислење и не планира да ја продолжи соработката со ПСЖ, напиша Ромеро.

Новинарот тврди дека Аргентинецот сакал да ја продолжи соработката со „светците“, но така не мислел откако ја освоил светската титула во Катар. Токму тој момент влијаел на неговото размислување и затоа одлучил да си замине од Париз на крајот од актуелната сезона.