Еден дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека е можно премиерлигашот Њукасл да има нов менаџер во следната сезона. Актуелниот предводник на „црно-белите“, Еди Хау најверојатно ќе добие отказ на крајот од сезоната, а истите медиуми шпекулираат дека прв фаворит за жешкото столче е трофејниот италијански стручњак, Роберто Манчини.