Манчестер Сити прв потроши милијарда евра

94

Фудбалската опсерваторија ЦИЕС објави рејтинг на клубовите според сумата што ја потрошиле за трансфери на играчи од сегашниот состав. На прво место во рангирањето се најде актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер сити. Англискиот премиерлигаш е првиот клуб во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на фудбалерите. Вкупната сума изнесува една милијарда и 14 милиони евра.

Сосема очекувано, на втората позиција е актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, кој на актуелниот фудбалер има потрошено 913 мил. евра. На третата позиција е најтрофејниот клуб во најпрестижното клупско натпреварување, тимот на Реал (М) со 902 мил. евра. „Кралскиот клуб“ потроши дури 305 мил. евра за време на летниот преоден рок. Со таа парична сума беа обезбедени услугите на Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао и на Ферланд Менди.

Рејтинг на ТОП 10 клубови според потрошени средства на своите фудбалери според ЦИЕС: Манчестер С. 1 милијарди и 14 милиони евра),  ПСЖ (913 мил. евра), Реал М. (902), Манчестер Јунајтед (751), Јувентус (719), Барселона (697),  Ливерпул (639), Челзи (561), Атлетико М. (550), Арсенал (498).