Македонските ракометари ја победија Турција и го заверија пласманот на ЕП 2024/ФОТОГАЛЕРИЈА

149
ФОТО: П.Стојановски

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја победи Турција со 30-27 во последниот натпревар од квалификациите и го завери пласманот ЕП 2024. Резултатот на полувремето беше 15-15, а на стартот од вториот дел, Турците ја презедоа иницијативата и беа во предност во поголемиот дел.

Но, Македонија успеа да се врати во ритам и да се врати во позитива најмногу благодарение на головите на организаторот на играта Марко Митев и одличниот Мартин Томовски на голот.

Последниот погодок за македонската репрезентација симболично го постигна десното крило Гоце Георгиевски за кого ова беше последен натпревар во репрезентативниот дрес.

Славеничкиот момент беше засенет од тешката повреда на бекот Филип Кузмановски кој во текот на првото полувреме го свитка зглобот и на носилки беше изнесен од теренот.

Лидерот на новата генерација во македонскиот национален тим кој настапува за екипата на вецлар во германската Бундес лига, најверојатно го очекува подолга пауза поради тешката повреда.

Во соблекувалната на црвено-жолтите пак, со песна и пиво беше прославен триумфот на репрезентацијата, а му беше оддадена и чест на Гоце Георгиевски. Заедно со ракметарите славеше и раководството на РФМ, предводено од првиот човек, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски.