Македонија стана сопственик на најгламурозниот Буџет досега

Во Собранието вчера беше предвидено да заврши расправата и да се донесе  Буџетот за 2019 година, кој е најголем досега и кој тежи 3,7 милијарди евра.  Предлог-буџетот се најде на пленарна седница откако претходно заврши амандманската расправа за него во матичната Комисија за финансирање и буџет

100

Расправата за Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година почна во понеделникот и согласно Деловникот за работа на Собранието беше предвидено да заврши вчера. До затварање на весникот расправата за Буџетот за 2019 година, кој е најголем досега, и кој тежи 3,7 милијарди евра сè уште траеше.

Во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор. Приходите се проектирани на 222 милијарди и 300 милиони денари (3 милијарди 615 милиони евра), што претставува раст од 5,6 отсто, споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од пет отсто во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 239 милијарди и 700 милиони денари, односно три милијарди 898 милиони евра.

Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година, кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022 и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари.

Опозицијата во изминатите денови посочи дека е неразвоен и претставува предизборно купување на граѓаните, а владејачките партии истакнаа дека е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација.